НОВА ГОДИНА - НОВА ВИЛА: СИЛВЕСТЕР Сталоне го менува местото на живеење
Легендата за големиот екран им се придружи на бројните холивудски sвезди кои својот рај го бараа на еден од многуте луксузни имоти на Палм Бич, чие опкружување секоја година станува побогато.
Првиот и главен предмет на преселба во прекрасните предели на Флорида, е потрагата по крајно уживање во едно од најубавите места под нашето сонце. Според локални извори, исто како и многу сопственици пред нив, актетот Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин се „олесниле“ 35,4 милиони долари, со цел да си дозволат едно од елитните имоти покрај вода.
Неверојатната палата е создадена во 2014 година и зафаќа дарежливи 1,5 хектари, со својата привлечна испреплетена мото патека, украсена со тропски растенија. Прекрасната куќа на својот нов сопственик му носи повеќе од 1.226 м2, седум спални соби, дванаесет бањи и се наоѓа на парцела што дефинитивно може да послужи како главен согорувач на калории за овој акционен херој опседнат со фитнес.
За потсетување, вреди да се нагласи дека главниот додаток на куќата се две гостински куќи, од кои едната е независен павилјон покрај вода, а другата е отворен чардак ориентирана кон базенот изграден во форма на клучалката, опкружен со совршено одржувани тревници и бујни палми. Дополнително, тие вклучуваат полукружна бања, изградена на само неколку метри од песочната плажа.
Софистицираната дневна соба има големи прозорци од подот до таванот. Со елегантни апарати со врвен дизајн и шарени линии од кујнски елементи од природно дрво со исклучителен сјај, просторијата за готвење има доволно простор за да им овозможи на сопствениците „пловечка“ маса во нејзиниот центар, наменета за секојдневна семејна употреба.
Горе, раскошната главна спална соба обезбедува прекрасен панорамски поглед на сјајната површина на водата и вклучува голем гардеробер, заедно со главната бања.
На крајот, слободно можеме да кажеме дека Сталоне дефинитивно знае да ужива во животот.