Новак Ѓоковиќ испрати порака до народот во Турција: Ги видов фотографиите и видеата, останете силни во овој тежок момент (ВИДЕО)
Српскиот тенисер се огласи од Белград...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, како и целиот свет, тагува поради трагедијата со која се соочува народот во Турција и Сирија по земјотресите кои ги погоди овие две држави.
Повеќе од 30.000 луѓе настрада, а многумина се наоѓаат под урнатините на градовите и местата кои се најтешко погодени од земјотресите кои се случија во понеделникот во јужниот дел на Турција и во Сирија.
На видеото со Новак, кој на Фејсбук го сподели фудбалскиот клуб „Самсунспор“, е и еден турски државјанин, момче по име Јусуф, кој моментално се наоѓа во Белград.
„Здраво на сите, еве ме овде со мојот пријател Јусуф во Белград и сакав да ги испратам моите најубави желби и поздрави до народот во Турција, кој поминува низ многу тешки моменти. Ги видов фотографиите, видеата од последиците по земјотресите, и моето срце оди со сите и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе се опорават заедно многу брзо. Најубави желби и останете силни“ - порача Ноле.
фото: Принтскрин / ТвитерŞampiyon tenisçi @DjokerNole yaşanan üzücü deprem felaketi ile ilgili duygularını futbolcumuz Yusuf Emre Gültekin aracılığıyla paylaştı. #GeçmişOlsunTürkiyem pic.twitter.com/nFIFMzsEqW
— Yılport Samsunspor (@Samsunspor) February 12, 2023