Новак, сопругата ме замоли да те прашам: Како го победи стомачниот вирус? Познатиот новинар направи шоу на конференцијата
На крајот од прес-конференцијата на англиски јазик се случи една крајно необична ситуација - која ги насмеа сите во салата.
„Новак – тоа што ќе ве прашам е многу важно и верувајте не е шега! говорот го започна ветеранот тениски новинар од Белгија.
Тишина, па продолжението - за среќа - незагрижувачки за Новак:
„Мојата сопруга пред малку ми прати порака и ме замоли да те прашам - како успеа да се справиш со стомачниот вирус оваа недела? Таа моментално минува низ тежок период, па со задоволство би ги послушала твоите совети...“
Салата прсна од смеење, но Новак остана „на ниво“ - и со добра волја го сподели следново:
„Знаете, јас не сум доктор и не сум во можност да дадам медицински совет. Телото на секого реагира различно, но сметам дека хидратацијата е клучна за мене. Не можам да зборувам во име на твојата сопруга или некој друг за тоа каква диета би функционирала. Јас лично не можев да јадам многу, имав само еден оброк дневно и после тоа пиев само течност - затоа што се што ќе ставам во уста набрзо ќе ми излезеше. Имате вртоглавица, постојано чувствувате недостаток на течност во телото, жед, слабост - но ако сте професионален спортист - што треба да направите веднаш штом ќе го напуштите теренот е многу јасно: или ќе ги надминете околностите, болката и вирусот - или ќе ве победат. Со други зборови - нема „пола пат“ - или се откажуваш и се повлекуваш од турнирот, или успеваш да извлечеш енергија од адреналинот, од публиката, од ситуацијата што ја чувствуваш на теренот - што ми даде дополнителен мотив да издржам оваа недела. Стомачните проблеми ме мачат како и сите други, ми се чини пократко од случајот со жена ви - но поминав низ пекол 3-4 дена, а дури денеска се чувствував релативно нормално“, го пренесува своето искуство во оваа необична ситуација Новак.
Курир спорт