НОВИ ДЕТАЛИ ОД ПОТРАГАТА ЗА МАТЕЈ: По пребараното речно дно, еве што ќе прави следно полицијата
Освен Белград, српската полиција го прочешлала Дунав низводно од Смедерево, а кога било утврдено дека Матеј не е во нивните води, за исчезнувањето на сплитќанецот биле известени и соседните земји низ кои минува оваа река.
Интерпол е вклучен и во потрагата по Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград. За исчезнувањето на овој хрватски државјанин се информирани и соседните земји низ кои минува Дунав поради сомневања дека се удавил!
Српската полиција, освен во Белград, ја чешлаше реката Дунав низводно, сè до Смедерево. Проверени се и коритото и крајбрежјето бидејќи не е исклучена можноста во одреден момент водата да го исфрли телото на површина. Претседателот на полицискиот синдикат на Србија Вељко Мијаиловиќ потврди дека е во тек сеопфатна потрага и дека речиси цела српска полиција е ставена на нозе за да го пронајде исчезнатиот Матеј.
- Сите регионални станици се алармирани и наложено е дополнително да се внимава на коритото и крајбрежјето. Врз основа на досега собраните факти се сомневаат дека Матеј скокнал во реката во близина на ресторанот „Сава Нова“ и затоа се акцентирало на претресот. Освен што нуркачите го пребаруваа дното на реката, тоа беше направено и со помош на сонар. Колку повеќе време поминува, толку помалку има надеж. Но, нема да се откажеме додека не го решиме овој случај. Како и во секој случај кога се работи за дете, полицајците се предаваат на задачата повеќе од вообичаено - изјави Мијаиловиќ за Ало!Попуштиле сопирачките
Матеј пред околу два месеци доживеа тешка траума, бидејќи неговиот пријател починал пред неговите очи. Заедно се возеле на мотори кога младиот човек удрил во тротоарот, а потоа при падот ја удрил главата во бетонот. Матеј бил зад него и прв му пришол на помош. За жал, тој не беше спасен.
-Ако го погледнете профилот на неговата личност, ќе видиме дека работел две работи, кои бараат сила и енергија, а потоа се случила таа несреќа. Сè укажува дека тој се „откачи“ во Белград и дека тогаш му попуштиле сите сопирачки, па дојдовме до ова - изјавил Вељко Мијаиловиќ.
Според него, полицијата првично имала тешка работа од две причини. Пријателите на Матеј го пријавиле неговото исчезнување дури после 16 часа и при пријавата молчеле за важни детали кои подоцна биле откриени.
-Се работеше на утврдување на трасата на неговото движење, но и на утврдување на мотивот зошто би исчезнал. Таму се изгуби многу време, но на крајот дојде до проблемот, а тоа е наркотици во комбинација со алкохол - изјавил Мијаиловиќ.
Тој наведе дека е утврдено оти друштвото од Сплит користеле наркотици бидејќи во сместувањето, но и во комбето со кое пристигнале биле пронајдени траги од дрога. Се сомнева дека затоа навреме не го пријавиле исчезнувањето на својот пријател.
- Само што се сместија, почнаа со „Кревање„ на расположението и загреани отидоа во „Готик“. Во клубот порачале големо количество алкохол - пиво, виски и вино, а било откриено дека често оделе во тоалет, како што се сомневаат, за дополнително да се „загреат“. Во одреден момент, по излегувањето од тоалетот, Матеја останал во шанкот, па во таква состојба само застанал и зјапал во просторот, а неговите пријатели отишле на шанкот. По извесно време, поточно околу 1.40 часот, Матеја истрчал од клубот. Веројатно се обидел да се доведе во ред, но ... - вели Мијаиловиќ.
Објаснува и зошто е земена ДНК од таткото на Матеј.
- Полицијата ја утврди рутата на движење и местото од каде се сомнева дека скокнал во Сава. Биолошки траги се земени од таткото на Матеј за да се споредат - изјави претседателот на полицискиот синдикат на Србија.