Нови трендови за мажи: Хијалурон ако почнува да ви виси кожата
Некаде помеѓу операција и ден во spa лежи „адаптација“, нов вид на неинвазивни, но ефективни естетски зафати за лицето и телото кај мажите. Да, и мажите одат на корекции!!!
Прецизно контролиран ласер, игла или електромагнетен пулс може да создаде мали, но значајни промени, како што се оние што се забележуваат на вас по долг и квалитетен одмор. Најдобро од сè, овие резултати, кои можат да бидат практично моментални, лесно ќе ги надминат најдобрите спа третмани.
Извонредната ефикасност на овие брзи „поправки“ може да биде поврзана со одредени медицински технологии кои се преселија од операционата сала во канцеларијата на дерматологот. Фракционо ласерско лекување на кожата ветува намалување на брчките, измазнување на фините линии и искоренување на хиперпигментацијата, за помалку од еден час. Цените на овие третмани започнуваат од околу 1.000 долари, а во зависност од моќноста на ласерот, резултатите може да се појават во рок од една недела и ќе траат од три до пет години.
Ако кожата на вилицата започне да виси и паѓа поради гравитацијата - што е еден од најтешките знаци на стареење во однос на третманот - тогаш со фракционен уред за радиофреквенција, може да ви го врати стариот изглед. Уредот ја пробива кожата со микро-иглички, емитувајќи енергија на радиофреквенција длабоко во дермисот, стимулирајќи го производството на колаген и обновувајќи ги клетките кои обезбедуваат отпорност на времето. По една сесија, со просечна цена од 1.000 долари, некои мажи забележуваат резултати во рок од неколку дена, и како и сите добри третмани, ефектите продолжуваат (во овој случај до три месеци по третманот).
Значително помалку агресивен третман е со инјекција на хијалуронска киселина со висока и мала молекуларна тежина, која ја хидрира кожата и го стимулира производството на колаген и еластин во телото поефикасно од кој било производ за локална употреба.
Може да се нанесе и во пределот на стомакот, каде често кожата виси.