Новиот LAND ROVER: Буквално ги руши сите пречки
Врз основа на новата архитектура Dx7, новиот Defender ќе излезе во продажба на почетокот на 2020 година и ќе биде достапен во пакетите Explorer, Adventure, Country и Urban. Компанијата „Land Rover“ тврди дека ова е најтрајниот модел досега и ќе може да ве пренесе буквално низ сите пречки.
Што се однесува до дизајнот, на прв поглед може да се види дека станува збор за модел Defender, бидејќи добро познатата линија е присутна и кај новиот модел. Се разбира, има многу новини и тие се многу видливи, особено на предната и задната страна. Новите браници, заштитната пластика и LED фаровите го прават автомобилот да изгледа помодерно, поцврсто и издржливо, а креаторите на Land Rover тврдат дека ова возило може да го потврди тоа.
Defender сега има напредна суспензија и комплетна скала што му овозможува да премине големи дупки и пречки без ризик од оштетување. Пластичните засилувања го штитат, а специјалниот режим за прилагодување на височината му дозволува на возачот да го прилагоди возилото во зависност од теренот.
Кога возите Defender на груб терен, можете да го подигнете за дополнителни 145 милиметри, што ќе ви овозможи безбедно да преминете преку груб терен, а при возење по јавни патишта, можете да го спуштите на минимална висина за да му дадете полуксузен и елегантен изглед.
Овој пат, околу вас може да се најде луксузна, пространа и многу напредна кабина, која е опремена со бројни екрани и опции што ќе ви патат. Интерактивниот интелигентен систем ви овозможува да комуницирате со вашето возило и лесно да поставувате опции и да направите промени во вашите системи за возење, а поврзувањето на вашите мобилни уреди со вашето возило никогаш не било полесно и ќе ви овозможи крајна забава додека возите.
Во однос на агрегатите, Defender ќе има две варијации. Долната варијанта содржи 2.0 литарски мотор кој ќе произведува 300 коњски сили, додека помоќната единица ќе има капацитет од 3,0 литри и ќе произведува 400 коњски сили.
Погледнете го видеото: