Новиот Porsche Taycan импресионира со реален опсег до 587 километри
Првичните тест возења на новиот Taycan помеѓу Лос Анџелес и Сан Диего покажаа дека новата генерација на електричниот спортски автомобил има вкупен опсег до 587 километри. Taycan на тој начин импресивно го покажа својот значително подобрен потенцијал на патување на долги растојанија.
Porsche го лансира опширно ажурираниот Taycan. Новите моделски варијанти нудат повеќе опсег, како и пократки и поефикасни процеси на полнење. За време на тестот за опсег од Лос Анџелес до Сан Диего и назад, Taycan ја докажа својата подобрена ефикасност.
Целосно електричниот спортски автомобил помина 587 километри со едно полнење на батеријата на јавните патишта. „За особено ефикасниот спортски Taycan со големата батерија, овој практичен, последен тест резултираше со вкупен опсег до 587 километри“, вели потпретседателот за моделската линија Кевин Џек. „Одличен резултат. Тестот на опсегот во Јужна Калифорнија импресивно покажа колку е ефикасен новиотTaycan. Продолжуваме да се фокусираме на нашата „FastTravel“ стратегија за електрична мобилност: кратки полнења во комбинација со голем реален досег благодарение на ефикасниот погон.“
Тестот на опсегот се вршеше во секојдневни услови. Дванаесет меѓународни претставници на медиумите возеа четири варијанти на Taycanво период од три дена на автопатот 405 и 5 помеѓу јужнокалифорниските метрополи на Лос Анџелес и Сан Диего. Тимовите возеа со максимална брзина од 120 километри на час според локалните прописи. Сите четири тест автомобили беа опремени со поголемата батерија Plus.
Возилата беа наполнети со електрична енергија на „ElectrifyAmerica“ мрежата за полначи во Торанс/Лос Анџелес. Тука, Taycan демонстрирше над 300 kWмоќ за полнење и успешно ја наполни батеријата од 10 до 80 отсто во неколку наврато за помалку од 20 минути. Перформансите на полнење, времето за полнење и времето потребно за започнување на полнењето, исто така се многу подобрени во однос на претходната верзија.
Porsche има произведено речиси 150.000 примери на Taycanод почетокот на производството. Новиот Taycan официјално ќе биде претставен во наредните денови.
пр објава