Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Во време кога светот е поделен повеќе од кога било, Телеком ја започнува својата Новогодишна кампања со пораката „Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат“. Кампањата инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето да се обидат да допрат до другите затоа што, и покрај разликите, сепак можеме да најдеме заеднички јазик.

Иако светот е поврзан повеќе од кога било, луѓето се сѐ повеќе поделени, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, прифаќајќи ги само оние коишто изгледаат, размислуваат и се однесуваат како нив. Оваа сѐ поизразена поделба ја слабее колективната способност за разбирање и прифаќање на различностите.

„Како бренд, ние сакаме да ги поврземе луѓето. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека е важно и можно да ги урнеме бариерите коишто нѐ оддалечуваат“, вели Улрих Кленке, Раководител за бренд во Дојче Телеком. „Нашата компанија е посветена на социјална кохезија и на поголема толеранција и на ниту еден начин не толерира омраза и провокации, дискриминација, расизам и екстремизам. Ние се залагаме за она што ги поврзува луѓето, општествата и културите.“.

Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат

Новогодишниот филм е модерна бајка во која се раскажува приказна за две млади девојки, коишто живеат во различни светови, разделени со преграда од стакло. Но, и покрај разделеноста, тие сепак започнуваат блиско пријателство. Нивната детска отвореност и љубопитност триумфираат над невидливите бариери од предрасуди и тензии коишто општеството ги изградило помеѓу нив. Приказната води до еден моќен момент кога девојките разменуваат новогодишни подароци сфаќајќи дека цело време ја имале истата идеја. Едната девојка подарува цигла, а другата камен, симболизирајќи го нивниот заеднички план да го скршат стаклениот ѕид, еднаш и засекогаш. Кога бариерите од стакло се конечно скршени, девојчињата ставаат крај на физичката поделба што воедно претставува и почеток на нивната вистинска врска.

Телеком ја емитува својата Новогодишна кампања во десет земји низ Европа: Македонија, Словачка, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Полска, Романија, Чешка и Унгарија.

Видео спотот го режираше наградуваниот германски режисер Алекс Фаил, којшто стои зад познатите видео спотови како „The Small Escape“ или „Edekarus“. При снимањето му помагаше Мортимер Хохберг, директор на фотографија. Музиката ја компонираше германското студио Supreme Music.

ПР објава