Нутриционист Тања Турунџиева открива сѐ што не знаевте за холестеролот и триглицеридите

Маснотиите и холестеролот се две работи кои не престануваат да не збунуваат, што воопшто не е ни чудо. Една недела слушаме како маргаринот е одличен за срцето, а другата недела како болните од срце не би смееле ни да го помирисаат маргаринот. Со години веќе слушаме дека треба да се чуваме од лушпести плодови поради нивните маснотии, а резултатите според најновите студии покажуваат дека тие всушност ни го намалуваат холестеролот. Колку и да ве збунува, вашиот лекар пред извесно време рекол дека вкупниот холестерол е низок, но дека нивото на „добриот“ HDL холестерол е претерано низок и би требало да го подигнете! Многу често се поставуваат прашања за маснотиите и холестеролот и ќе пробам на наједноставен начин да ги одговорам.

* Што всушност не чини кога станува збор за маснотиите?

Пред сѐ би сакала да нагласам дека маснотиите не ни се непријатели. Всушност, маснотијата е важен фактор во човечкиот организам. Женското тело е составено од околу 25-30% масно ткиво; машкото тело има околу 10% помалку. Телесните маснотии извршуваат неколку важни задачи. Тие ги пренесуваат липосолубилните витамини (А, Д, Е и К) низ целиот организам и обезбедуваат резервна енергија во периодот кога сте гладни. Исто така тие ги штитат и изолираат телесните органи и се неопходни за произведување на полните хормони. Маснотиите стануваат проблем само кога ги има премногу. Исхраната богата со маснотии  се поврзува со зголемениот ризик од различни облици на канцер, вклучувајќи го и канцерот на дебелото црево и ректумот, простата и повторување на канцерот на дојката. Таквата исхрана исто така се поврзува и со зголемена опасност од срцев напад и од мозочен удар. Просечната американска исхрана има многу висок процент маснотии. Американците дневно конзумираат скоро 40% калории во вид на маснотии. Министерството за здравје и одборот за исхрана и здравство на националната академија на науките препорачува дека не би смееле да конзумирате повеќе од 30% маснотии во склоп на вашата дневна количина на калории. Другите стручњаци (Нејтан Притикин и Дин Орниш) сметаат дека и тие 30% се премногу и препорачуваат да не се преминува количината од 10%-15% маснотии во внесот на вкупните калории во текот на денот. Јас би се сложила со тоа дека луѓето треба да се ограничат на 20% маснотии дневно.

* Што се триглицериди?

Триглицеридите се тип на маснотии кои можат да се најдат во крвта и кои се мерат со посебни тестови. Испитувањата покажуваат дека нивото на триглицеридите кои преминуваат 190 mg по 1 dl за жени и 400 mg по 1 dl за мажи ги зголемува изгледите за развој на срцеви заболувања. 

* Што е холестерол и каква врска има со маснотиите?

Холестеролот е жолтеникава и масна супстанца која потсетува на восок. Првенствено се произведува во црниот дроб, а во помали количини и во цревата и во специјалните келии во организмот. Како и маснотиите, така и холестеролот е важен дел од организмот. Неопходен е за произведување на полни хормони, потребен е за синтеза на витаминот Д, како и за произведување клеточни мембрани и миелинска обвивка (масни обвивки кои ги опкружуваат нервите). Покрај тоа што се произведува во организмот холестеролот го има и во одредени намирници. На пример: едно јајце содржи околу 213 mg холестерол, во хамбургерот од 100 g има околу 76 mg холестерол. Меѓутоа, не морате да внесувате додатно холестерол за да ги задоволите потребите на организмот, дури и да конзумирате храна која воопшто не содржи холестерол, бидејќи организмот ќе го произведува во количество кое му е сосема доволно за правилно функционирање. Одредени облици на маснотии кои се наоѓаат во одредени намирници исто така можат да иницираат произведување на холестерол во организмот.

Слично како и маснотиите и холестеролот исто така предизвикува проблеми само кога е во големи количини. Вишокот на холестерол во крвта може да поттикне формирање на плаки, супстанци кои ги затнуваат артериите и го спречуваат нормалниот проток на крвта низ организмот. Доколку се случи да артериите кои водат до срцето да се пренаталожени со плаки, тоа може да резултира со срцев напад. Американското здружени за срцеви болести препорачува  дневно да не се внесува повеќе од 300mg холестерол.

* Во што е разликата помеѓу “добриот” и “лошиот” холестерол 

На холестеролот му е потребно да се изедначи во организмот, поточно да се сведе во таков облик кој, организмот може да го искористи и да го прати во келиите кои имаат потреба од него. Вишокот на холестеролот се складира. Црниот дроб го „препакува“ холестеролот во облик на LDL („ЛОШ“) или липопротеин со ниска густина. LDL го испорачува холестеролот на ткивата заради продукција на ќелиска мембрана, ги обновува келиите и произведува полни хормони. Еден дел од LDL холестеролот, понатаму се претвара во HDL („ДОБАР“) или липопротеин со висока густина, кои го носи вишокот холестерол назад во цревата за да од таму биде исфрлен од организмот.

LDL, е главниот преносител на холестерол во организмот и се смета за главен причинител за формирање на наслагите плаки. Додека кружи низ телото LDL се лепи за специјалните рецептори на ќелиите на кои им е потребен. Кога ќелиите ќе добијат доволно холестерол, тие престануваат да произведуваат рецептори, така да LDL останува во крвотокот. Истражувачите веруваат дека високото ниво на LDL во крвта може да ги повреди внатрешните облоги на артериските ѕидови, предизвикувајќи на тој начин атеросклероза или смалување на артеријата. Новата теорија не наведува на мислата дека LDL може да оксидира при дејстувањето на слободните радикали, со што ќелиите на внатрешните ѕидови на артериите го толкуваат како повреда и како помош ги  праќаат белите крвни зрнца – моноцити. Овие ќелии се лепат за облогите на артериските ѕидови и привлекуваат други ќелии, што се заедно допринесува за формирање на плаки.

Тања Турунџиева – нутриционист од Вита Диет Клуб Скопје

* ПР - објава

фото: Принтскрин / Фејсбук