Од Џенифер Лопез до Тони Зен: Иконичните Тимберленд чизми
Тимберленд е бренд која нема потреба од претставување, бидејќи е јасно дека е еден од најголемите светски гиганти за обувки и облека. Веројатно веќе ви е познато дека заштитен знак на брендот се жолтите чизми кои се така изработени, што нема простор за полемика околу врвниот квалитет. Патентирани се во 1918 година од страна на Nathan Swartz во Абингтон, Масачусетс. Од тогаш компанијата не запрела со фуриозноста за освојување на пазарот.
Денес, оваа
глобачна империја има широк спектар на производи, со спортски предзнак и
секогаш е во чекор со трендовите, често и предвесник. Облеката и обувките се и за мажи и за
жени и за деца. Неодамна почнаа акција во светски рамки наречена „На природата
и требаат херои“ преку која се засадуваат дрва и се поттикнува за свесност кон
природата. И кај нас овој бренд е достапен веќе подолго време, а за неговото
носење на овие простори е заслужна компанијата „Fashon group Macedonia“.
Споменатите жолти чизми се многу популарни, посебно кај познатите светски ѕвезди. Имаат фантастично обликуван ѓон, неверојатна удобрност, штитат од студ и не се со нападен дизајн и дезен. Сите ги носат. Дури и на црвениот килим!
Светската музичка дива Џенифер Лопез има изјавено дека не сака да ги собуе, а познатите рапери Џеј Зи и Дрејк постојано ги носат.
Кога сме кај раперите, и нашиот рапер Тони Зен не заостанува. Тој моментално е заштитно лице на Тимберленд за Македонија и често ќе го видите и во жолтите чизми и во најновата колекција со потпис на брендот.
Еве и други познати ѕвезди со иконичните чизми:Небојша Толески