Од кога почнала да се слави Нова година? Една приказна е фасцинантна
Првите забележани прослави во чест на доаѓањето на Новата година не враќаат скоро 4.000 години наназад, во стариот Вавилон.
За Вавилонците, првата нова месечина по пролетната рамнодневица - денот на крајот на март со еднаков број часови сонце и мрак- кој го означува почетокот на Новата година. Тие ја одбележувале свеченоста со масовен религиозен фестивал наречен Акиту (кое доаѓа од сумерскиот збор за јачмен, кој бил жнеен на пролет) кое вклучувало различни ритуали во секој од 11-те денови.
Покрај прославата на Новата година, со Акиту се прославувала митската победа на вавилонскиот бог на небото Мардук над злата божица на морето Тиамат, но имал и важна политички цел: токму во тоа време бил крунисуван новиот крал, или пак мандатот на тековниот владетел бил симболично продолжуван. Низ антиката, цивилизациите низ светот развиле се пософистицирани календари, вообичаено врзувајќи го првиот ден од годината со некој земјоделски или астрономски настан. Во Египет годината започнувала со годишните поплавувања на реката Нил, кои се совпаѓале со појавата на ѕвездата Сириус. Првиот ден од кинеската Нова година се совпаѓал со втората млада месечина по зимската равнодневица.