Од љубовник до статист: Како алкохолот го руши мажот во спалната соба

Алкохолот има силно влијание врз машката сексуална функција, а неговото дејство зависи од количината и зачестеноста на консумирање.
Иако мали количини можат да предизвикаат чувство на опуштеност и поголема самодоверба, редовното и прекумерно пиење има негативни последици врз потенцијата и либидото.
Алкохолот е депресор на централниот нервен систем, што значи дека го успорува преносот на нервните сигнали кои се неопходни за сексуална возбуда и ерекција. Прекумерното консумирање може да го отежне или целосно да го спречи постигнувањето и одржувањето на ерекција.
Дополнително, алкохолот го намалува производството на тестостерон – хормонот кој игра клучна улога во машкото либидо и сексуална изведба.
Кај мажите кои пијат редовно и во поголеми количини, со тек на време може да се појават хронични проблеми со еректилната функција, намалена сексуална желба и слаба плодност.
Алкохолот влијае и врз квалитетот на спермата, што може да го отежне или оневозможи зачнувањето.
Дополнително, прекумерната употреба често води до слаба физичка кондиција, проблеми со циркулацијата и намалена енергија, што индиректно ја нарушува сексуалната самодоверба.
Стручњаците предупредуваат дека умереното и одговорно консумирање е клучно. Повремената мала количина ретко предизвикува трајни проблеми, но редовното претерано пиење може сериозно да ја наруши машката потенција и сексуалното здравје.
Најдобра превенција е здрав начин на живот, балансирана исхрана, физичка активност и избегнување на зависности.
Freepik