Од спортист, реалити sвезда ... до гувернер! Нaјпознатата трансродова личност ја објави својата кадитатура! (ФОТО)

Поранешната олимписка и реалити ТВ sвезда е републиканец многу години

Кејтлин Џенер ги достави своите документи за кандидатура за гувернер на Калифорнија и официјално ја објави својата кандидатура.

Поранешната олимписка и реалитиТВ ѕвезда е републиканец многу години и се бори за смена на сегашниот демократски претседател Гавин Њусом, кој беше избран во 2018 година, а оваа година му претстојат избори за отповикување.

Својата кампања Џенер ја објави и на својот профил на Твитер, каде ја следат 3,5 милиони луѓе, пренесува Business Insider.

„Вреди да се бориме за Калифорнија“, напиша таа на Твитер.

Џенер на официјалната веб-страница на кампањата напиша дека „Калифорнија е нејзин дом скоро 50 години“.


- Дојдов тука затоа што знаев дека секој, без оглед на потеклото или местото во животот, може да ги претвори своите соништа во реалност - стои на почетната страница на сајтот.

Џенер претходно изјави дека ја разгледува понудата за гувернер и дека се консултирала со поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Бред Парскал, за можна кампања.


Фото: Твитер и Википедија