Спорт // Спорт
Одбојкарската репрезентација има нов селектор, Србинот Ратко Павличевиќ
Ратко Павличевиќ од Србија, е нов селектор македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација.
Одбојкарската федерација на Македонија се договори со Павличевиќ кој доаѓа како замена на Душан Николиќ.
Павличевиќ како тренер работеше во Пафијакос Пафос (Кипар), Шеноа Женева (Швајцарија), Линдарен Волеј Амрисвил (Швајцарија), Црвена Звезда (Србија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), ОНЕКС (Грција), воедно има искуство и како селектор на женската У20 српска репрезентација.
Македонија ја очекуваат дуели со Романија, Албанија и БиХ во Европската сребрена лига, а треба да настапи и на Медитеранските игри во Алжир кои ќе се одржат од 25 јуни до 5 јули 2022 година.