Одредени финалистите на Националниот избор на Автомобил на годината во Македонија за 2021
Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):
Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf
Според однапред утврдената динамика следуваат и во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година.
Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот и истиот е најстар и единствен Национален Избор.
Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието
* „СУВ автомобил на годината“
*„Томислав Биљарац“ - признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.