“OFF ROAD” АВАНТУРА СО АУТОМАКЕДОНИЈА Новото 100% електрично Korando, Korando и Musso низ терените на Барово

Аутомакедонија, водечкиот дистрибутер на корејскиот бренд SsangYong во Македонија, организираше "Off Road" настан за прв пат посветен на новинарите и го обележа влезот на новото 100% електрично Korando на македонскиот пазар. Турата на нерамен терен започна од салонот на Аутомакедонија, аSsangYong автомобилите беа испробани на еден поинаков терен, далеку од градските улици се до прекрасниот регион Барово.

Присутните имаа можност да ги возат различните модели Korando и Musso и да ги испробаат нивните перформанси на рамен и нерамен терен, како и за прв пат да се запознаат со новото електричното Korando. Овој настан ја поддржува постојаната ангажираност на Аутомакедонија за нудење на квалитетни возила и иновативни решенија на македонскиот автомобилски пазар.

Не случајно го одбравме Барово како идеален терен за презентација на SsangYong возилата како и одлична прилика да го претставиме новиот дел во нашето портфолио на возила - електричното Корандо. Ова иновативно возило нуди не само еколошки пријателско возење, туку и неверојатен комфор, простор и перформанси. Сигурни сме дека ќе им пружи неповторливо искуство на нашите клиенти и дека ќе ја задоволи нивната желба за модерни и напредни автомобили.“ – изјави Билјана Јанчевска, маркетинг менаџер на Аутомакедонија.

Аутомакедонија, со повеќе од 75 години постоење на македонскиот пазар, продолжува да биде предводник во промовирањето на иновациите и одговорноста кон околината, со посветеност да го понуди најдобриот избор на возила и услуги на македонските клиенти.

SsangYong е бренд кој носи корејски перфекционизам во своите автомобили. Изработени во Кореа, овие возила го обезбедуваат врвниот квалитет и иновации што се очекуваат од еден светски признат производител.

Галерија: