Официјална премиера: Пристигнаа новите Škoda Scala и Kamiq
Модернизираната ŠkodaScala доби нов дизајн инспириран од концептот VisionRS. Како резултат на тоа, новиот автомобил изгледа поспортски, а голем број паметни детали се убаво изненадување.
„Концептот VisionRS беше голем успех на Саемот за автомобили во Париз во 2018 година, така што кога работевме на фејслифтот се обидовме да останеме што е можно поблиску до овој концепт“, објаснува дизајнерот Далибор Пантичек, кој го предводеше тимот за надворешен дизајн. Scala сега изгледа поспортски и подинамичен, а Пантичек вели дека клиентите и љубителите на брендот ќе го забележат тоа на прв поглед. „Тоа е секогаш задача на вакво освежување на моделот, да му се даде нов карактер на автомобилот“, вели Пантишек. Тимот на ŠkodaDesign го постигна тоа првенствено со модернизирање на надворешноста со голем број софистицирани детали.
Целокупната форма на автомобилот останува иста, но Scala доби редизајнирана решетка на ладилникот, предни и задни светла и браници. Степенот на овие измени навистина остава впечаток на сосема нов автомобил. Scala сега има потполно нов дизајн на дневните светла и графика на задните светла кои го прават автомобилот лесно препознатлив од далечина.
Спортски израз
Новата решетка на ладилникот сега има нова октагонална форма и е повертикална, нагласувајќи ја агилноста на моделот. Дизајнерите овде ја истакнале играта на светлина и сенка, па предните елементи на новата решетка се сјајни, додека останатите површини се мат. „Предницата е инспирирана од историските возила на Škoda, како што е популарното Monte Carlo, и јасно го сигнализира идентитетот и долгата историја на нашиот бренд“, вели Далибор Пантишек.
Динамичниот карактер е нагласен со целосно новите светла. Овие имаат помали пропорции и на тој начин изгледаат поспортски и модерно отколку во претходната верзија. Кај новата Scala, за прв пат во овој сегмент се користи нова LEDMatrix технологија, со FullLEDсветла кои доаѓаат стандардно. LED елементите вклучуваат и светла за магла. Со цел да се задржи поставеноста на светлата пониско, променет е внатрешниот распоред на елементите на минимум, давајќи уникатен потпис на поделени дневни светла што исто така делуваат и како трепкачи. На овој начин, новата Scala лесно се разликува од кој било друг автомобил.
Промените на браникот повторно се поврзани со поспортски изглед, а светски познатиот чешки кристале главен извор на инспирација за дизајнерите на Škoda. Браникот има прецизни, остри рабови и карактеристично обликување на отворите за воздух. Структурните елементи во решетката на ладилникот добија поизразено обликување во форма на дијамант кои фаќаат и рефлектираат светлина. Во дизајнот е инкорпорирана врвна функционалност на аеродинамика која резултира со намален воздушен отпор.
Врвни детали
Тркалата на автомобилот се исто така аеродинамични. Нивниот дизајн е преземен од концептот VisionRS. Достапни кај сите верзии, овие тркалаповторно ја подобруваат аеродинамиката и ја намалуваат потрошувачката на гориво. Ова покажува дека дури и функционалниот дизајн може да биде привлечен.
Назад, веднаш се забележува новото лого на Škoda, а видливи се и промените на задните светла и браникот. Идејата е иста како и напред: светлата се потесни и подинамични, а браникот има поостри линии и нов, преработен дифузор. Паметниот дизајн на браникот значи дека автомобилите со и без влечна кука изгледаат исто - браникот не се разликува. Тоа е една од добро познатитеSimplyClever дизајнерски карактеристики.
Внатрешноста на Scala е исто така обновена: автомобилот сега ќе биде достапен во три нивоа на опременост и вкупно шест опции за внатрешни детали. Дигитална инструмент табла (8 или 10,25 инчи) е стандардна, инфозабавниот систем на автомобилот може да има дисплеј од 8,25 или 9,2 инчи. Лесна за употреба контрола на климатизацијата со копчиња и ротациони контроли.
Клиентите, исто така, може да очекуваат широк спектар на опрема, вклучувајќи мноштво системи за помош и голем број опционални функции кои не се вообичаени во оваа класа. На пример, Scala може да има приспособливLane Assist, адаптивен темпомат или електрично отворање на вратата на багажниот простор со „виртуелна педала“. Под хаубата има модерни и економични TSIevo2 мотори.
ŠkodaKamiq, омилениот теренец на чешкиот производител, доби значително освежување. Покрај новата технологија, претставен е и новиот, моќен дизајн кој го нагласува робусниот карактер на овој урбан теренец.
Модернизацијата поблиску го усогласува Kamiq со неговите поголеми браќаво семејството на SUV на Škoda. Со новата везија, вертикалната архитектура на Kamiq, заедно со неговите робусни браници, го нагласуваат самоуверениот SUV карактер на автомобилот. Двата браници се редизајнирани, а Kamiq добива впечатлива нова предна маска и нови светла. Предната решетка е повисока и поширока, што дава подоминантен целокупен изглед. Новите двојни вертикални перки се исто така важни за чистиот дизајн кој го доведува Kamiqпоблиску до дизајнот на поголемите SUVмодели од брендот.
Нови светла
Новите светла имаат нови пропорции. Kamiq сè уште го задржува двојниот вертикален распоред на светлата типичен за теренците на Škoda. Горниот дел со дневни светла сега е потесен, давајќи му врвно технолошки изглед. Овде е применета инспирацијата од популарниот чешки кристал, каде што елементите на дневните светла имаат форма на тродимензионални кристални камења и изгледаат како накит на автомобилот.
Предните светла на модернизираниот Kamiq добија нови пропорции, што го менува нивниот карактер. Опционално се достапни и FullLEDMatrixсветлата на кои се забележуваат интересни графички елементи во пирамидална структура, што повторно го нагласува впечатокот на кристал. Во исто време, вертикалната поставеност на светлата, заедно со повисоката положба на решетката, го истакнуваат изгледот на теренецот. Цврстите браници помагаат да се осигура дека фаровите, а со нив и сите функционални елементи, се подобро заштитени.
Во предниот дел, браникот има нова решетка што го следи изгледот на поголемите SUVмодели од семејството Škoda, така што дизајнот е конзистентен. Големиот спојлер во долниот дел има три отвори, уште една типична карактеристика на теренците на Škoda. Главниот отвор за воздух е поделен хоризонтално со робусни потпори, кои визуелно додаваат чувство на стабилност на целината. Многу од овие детали, вклучувајќи ја секако и решетката на ладилникот, се со типична црна сјајна завршница кај моделите на Monte Carlo, додека кај стандардните верзии се користи комбинација од хромирани и мат сребрени елементи.
Ефективен заден дел
Задниот браник добива нов дифузор со пософистициран изглед. Просторот за кука за влечење е успешно интегриран во браникот на начин што го прави речиси невидлив на прв поглед. Непотребно е да се каже дека надградениот Kamiq има и нова палета на тркала.
Во својата внатрешност, новиот ŠkodaKamiq става акцентот на еколошки материјали кои полесно се рециклираат и почесто доаѓаат од рециклирани суровини. Ергономијата е исто така фундаментално преработена. Клиентите ќе ја ценат контролата на климатизацијата со копчиња и ротациони контроли. Но, тоа не значи дека Kamiq пропушта модерни решенија. Напротив, тие сега се стандардни, дури и основниот модел има дигитална инструмент табла (8 инчи како стандард, 10,25 инчи како опција) или инфозабавен систем со екран на допир (8,25 инчи и 9,2 инчи како опција). Клиентите можат да избираат од три нивоа на опременост и вкупно шест дизајни на внатрешност.
Kamiq има економични 1.0 и 1.5 TSI мотори од генерацијата evo2 под хаубата и автомобилот може да биде опремен со навистина модерна технологија. Сега стандардно доаѓа со низа системи за помош при возење: FrontAssist со детекција на пешаци, LaneAssist, препознавање сообраќајни знаци иManeuverAssist. Дополнително, Kamiq може да биде опремен со Side Assist, адаптивен темпомат или адаптивен Lane Assist. Натстандардното решение може да се најде и зад работ на дарежливиот багажен простор: со петтата врата може опционално да се ракува електрично, во тој случај има и функција за виртуелна педала за лесно отворање со движење на ногата под браникот.
Продажбата на новите Scalaи Kamiqвеќе започна. За повеќе информации повелете во салонот на Škoda или посетете ја нашата webстраница www.skoda.mk.
ПР објава