Официјално на 29-ти ноември по 6-ти пат ќе се одржи изборот „Мажи на годината 2023“

По успешните пет години на Мажи на Годината во Македонија, организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации го најавија и 6тото издание на официјалниот избор на најуспешните мажи во Македонија за 2023 година кој ќе се одржи на 29.11.2023 година.

Настанот кој има за цел да ги награди успешните мажи во Македонија, да ги мотивира да се развиваат како на личен, така и на професионален план, кој ги поттикнува да излезат од својата комфор зона, да вложуваат во својот развој, да вложуваат во квалитетен живот во оваа држава, повторно го завзема своето место како еден од најпрестижните настани во Македонија.

Живееме во едно турбулентно време, време во кое е навистина голем предизвик да се стане и да се остане успешен. Токму затоа сакаме да им оддадеме признание на сите оние мажи кои успеале во тоа, бидејќи тоа го заслужуваат.

Оваа манифестација која прерасна во традиција симболично се организира во месец ноември, знаејќи дека токму ноември е и месецот за поддршка на машкото здравје.

“И оваа година, како претходните пет ви најавуваме вечер исполнета со инспиративни приказни, извонреден талент и незаборавни моменти. Oсобено сме горди што успеавме повторно да го организираме настанот Мажи на Годината кој веќе прерасна во една убава традиција да се заокружи годината со убави признанија.” - велат организаторите.

Како и секоја година, така и оваа, ќе се одбираат мажите на годината во 13различни категории и тоа: Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите. Во изборот на наградите главна улога и оваа година ќе има нашата стручна жири комисија составена од 25 еминентни членови кои се задолжени да ги разгледаат сите критериуми при одлуката во гласањето.

Не пропуштајте заедно да ги прославиме достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на мажите кои навистина направија разлика во нашата заедница!