ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН НОВИОТ HONDA САЛОН НА „АУТО ТРЕЈД“

Со коктел забава и презентација на најновите модели на автомобили и мотоцикли, вчера официјално беше отворен Honda салонот на компанијата Ауто Трејд.

Тимот на Фактор имаше прилика да биде на отворањето, каде што присуствуваа над 100-тина поканети гости од медиумите и индустријата. Посетителите имаа уникатна можност да ги погледнат новите модели на Honda автомобилите, односно сосема новиот HR-V, популарниот C-RVи JazzCrosstar, моторите CBR1100, NT1100, како и други возила и мотоцикли од европската гама на Honda.

Компанијата „Ауто Трејд“ претставува единствениот 3S дилер на Honda автомобили и мотоцикли за Македонија, што подразбира продажба, сервис и понуда на резервни делови.

Како заокружување на продажната програма, во понудата на „Ауто Трејд“ ексклузивно се продава и опрема од реномирани производители како Nolan, X-Lite&Apro, која имавме можност да ја видиме преку изложените производи. Во салонот на компанијата ќе најдете голем избор на облека за Вашите мото авантури.

„Нашата цел како компанија е да понудиме богат избор на возила, мотоцикли и соодветна опрема, при што фокусот е насочен и кон after-sales услугите, односно грижата кон нашите клиенти е приоритетна во секој аспект од бизнисот. Ауто Трејд наскоро ќе лансира своја веб-страна каде што ќе можете да се запознаете со целосната гама на производи кои ќе бидат дел од нашата понуда“, изјави Маја Стојановска, генерален директор на Ауто Трејд.

Во краткиот разговор со Миле Стојковски, директор за after-sales услуги, дознавме дека објектот е опремен со модерен сервис, кој е овластен за Honda возилата, но исто така ќе делува и како мултибренд за задоволување на потребите на пазарот. Тимот на сертифицирани сервисери е со долгогодишно искуство и знаење, при што целта е да се понуди квалитетен сервис по компетитивни цени на пазарот.

Сите заинтересирани потрошувачи може да го посетат Hondaсалонот на Ауто Трејд секој работен ден меѓу 08 -18 часот на ул. Скупи 37.

ГАЛЕРИЈА