ОФИЦИЈАЛНО: Спортклуб ќе емитува преноси од домашните натпревари на ФК Вардар

Како што утринава најави фактор.мк, стигна и официјална потврда од ФК Вардар, домашните натпревари на најтрофејниот клуб, ќе бидат емитувани низ директен пренос на Спортклуб од второлигашката конкуренција.

Спортскиот канал од регионот, Спортклуб, потпиша договор со ФК Вардар за преноси од натпреварите на домашен терен во втората лига.

Вардар и Спортклуб ќе соработуваат во следните три години, преноси од домашните натпревари на најтрофејниот македонски фудбалски бренд, ќе се гледаат во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и секако во Македонија.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко“ - објави ФК Вардар.