Огромен интерес за изградба на батериски ситеми, следната година се планира и почеток на изградба на гасна централа

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во планот со пријавени намери за изградба на постројки за производство на електрична енергија во 2026 има добиено и најава за поставување на когенеративна гасна централа.
Во моментов ваква централа која произведува струја и топлинска енергија има само ТЕ-ТО, а во најава се неколку такви од турската групација АКСА;но за тоа прво ќе треба да биде завршено гасното поврзување помеѓу Македонија и Грција.
Од Министерството за енергетика на денешниот брифинг со медиумите велат дека не може да се открие кој е нарачателот кој има такви намери, и каде таа би се градела, а единствено е познато дека моќноста би била високи 495 мегавати.
До 1 октомври годинава во планот за 2026 поднесени се и барања за изградба на батериски системи за складирање на електрична енергија од разни субјекти со вкупен капацитет од дури 4.172 мегавати. Голем број на иницијативи се поднесени и за фотоцентрали и ветерни паркови.
Од Министерството за енергетика бриофираат и дека во меѓувреме оваа година биле раскинати 46 концесии за ископ на руда и градежни суровини,од кои 34 едностарно, затоа што немало доволна динамика на работа од страна на концесионерите. Ова следувало по 248 контроли од страна на министерството,од коии 170 вонредни,при што последната концесија е одземена во реонот на Гази Баба.
Од министерството најави дека ќе формираат посебни единици за контрола во Прилеп и Штип,каде што ќебидат вработени локални инспектори за работењето на концесионерите. Од сега концесиите нема да бидат давани на максимални 30 години,туку рокот ќе се намали на 7-8 години. Ќе биде купен и дрон со посебен софтвер за следење на нивната работа.
А.К.