Снег во октромври според народните верувања е најава за големи промени: Еве какви

Октомври само што започна, а некои планински предели веќе се забелени, како да започнува скијачката сезона.
Иако метеоролозите објаснуваат дека снежна покривка во октомври не е невообичаена, многумина се прашуваат – што тоа значи според народните верувања?
Фолклорните толкувања велат дека октомврискиот снег е најава за тоа каква ќе биде зимата. Ако снег падне во овој месец, тоа се смета за знак дека претстојната зима ќе биде богата со врнежи и студена. Од друга страна, ако Михољден (12 октомври) биде сончев, тогаш зимата ќе биде долга и ладна.
Во народот се вели и дека „колку магли има во октомври, толку снег ќе има во февруари“. Но оваа година, снегот се појави порано отколку што сме навикнати. Според старите верувања, раниот снег во октомври носи рано пролетно будење, односно – колку порано започне зимата, толку побрзо ќе си замине.
Постоела и една стара изрека: „Снег што паѓа без глас носи зборови што уште не стигнале“, што во народната симболика означува дека нешто неочекувано ќе се случи.
Иако денес повеќе се потпираме на временските прогнози, старите верувања често потсетуваат дека природата секогаш испраќа свои сигнали – само треба да знаеме како да ги прочитаме.
Извор / Фото: Freepik