ОГРОМНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СИНГАПУР: Бајонтек откри што ќе прави со милијардите заработени од вакцината против ковид
Компанијата од Мајнц, Германија, го зголеми својот промет во првиот квартал од оваа година за повеќе од 70 пати во споредба со истиот период минатата година, на околу 2 милијарди евра, а профитот се зголеми за три пати во споредба со претходниот квартал на околу 1,1 милијарда евра . Како што се очекуваше, ова се должи на вакцината.
Големи планови има компанијата Бајонтек откако со производството на вакцината против ковид19 се качи на врвот на светот но и во поглед на финансиски план.
Што е целта на Бајонтек по крајот на пандемијата. Во што ќе ги инвестира милијардите оваа компанија?
На повидок е огромна инвестиција во Сингапур.
„Со оглед на нашата вакцина, јас сум исклучително среќен за уникатната извонредност на нашиот тим и соработката со нашиот партнер Фајзер. До денес испорачавме над 450 милиони дози во 91 земја во светот “, рече коосновачот на Бајонтек, Угур Сахин, на виртуелната прес-конференција овој понеделник.
Кога станува збор за вакцината, Бајонтек планира да основа седиште за регионот на Југоисточна Азија. Планирана е фабрика во Сингапур што ќе може да произведува до милијарда дози вакцини годишно, но тие не размислуваат само за короната. „Гледаме подалеку од Ковид-19. Се надеваме дека ќе создадеме регионален и можеби глобален центар за снабдување за цела низа различни вакцини и терапевтски препарати“, изјави Сахин за весникот ФАЗ. Ова се уште се генетски модифицирани препарати за кои се предвидува дека ќе играат голема улога во медицината, сè до борбата против ракот. Германската компанија не сака да зборува конкретно за висината на инвестицијата, но во секој случај, во фабриката во Сингапур ќе бидат инвестирани средства „во износ од стотици милиони американски долари“, вели коосновачот на компанијата .