Медалите кои ќе се доделуваат на Олимпијадата во Токио 2020 година, ќе бидат направени од рециклирани телефони и лаптопи...
Јапонците уште
еднаш покажаа зошто се нација со најдобрата екологија на светот. За да му
покажат на светот дека рециклирањето е единственото решение за опстанок на оваа
планета, Јапонците одлучија да рециклираат скоро 80.000 тони ситни електронски
уреди.
Целиот рециклиран материјал ќе биде искористен за да се направат преку 5000 медали и тоа значително ќе влијае врз елиминацијата на електричниот отпад. Многу се фокусираат на рециклажата на пластика и ѓубре, но малку од нив сфаќаат дека електронскиот отпад е исто толку опасен и дека неверојатно споро се распаѓа.
Поради тоа Јапонците одлучија Олимпијадата во Токио, да биде местото каде што цел свет ќе види колку е важно рециклирањето на електричните уреди и колку тој процес е важен за човечкото постоење.