Она што беше АББА за цела Европа, таа и групата за Југославија: Си замина прерано
Она што беше АББА за цела Европа, „Нови фосили“ беа за Југославија. На најголемиот поп бенд. Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на бендот и вистинска ѕвезда која зрачеше со скромност. И таа направи нешто што ретко кој го направил, а тоа е дека на врвот на нејзината слава го напуштила бендот.
„Ѓурѓица не напушти затоа што сакаше да си го организира семејниот живот, бидејќи работевме со урнебесно темпо“ – изјави тогаш лидерот на Нови фосили- Рајко Дујмиќ.
Само неколку години подоцна, кога ја слушна веста за смртта на Ѓурѓица Барловиќ, рече:
„За неа семејството беше поважно од нас, поважно од секој настап, парите. Таа е родена да биде мајка, сопруга, а сепак - од друга страна - беше и врвна пејачка... и тоа каква! Никогаш поради неа не го откажавме концертот, таа беше во солидна и стабилна здравствена состојба, никогаш немаше проблеми со гласот, затоа бев изненаден тој ден кога почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа во исто време токму на часот кога почиона...“
Ѓурѓица почина во 1992 година, имаше само 42 години. Таа починала како последица на срцев удар. Рајко Дујмиќ, кој беше фонтмен на групата, почина пред четири години, а пред тоа под нивната песна остави коментар каде таа пее и чиј текст гласи: „Ако те изгубам еден ден сонцето ќе изгасне и ќе продолжи темнина“.
„За жал, те изгубив тебе, твојот композитор“.