Опасна визија на совршениот BMW модел: Фантомот!
Поврзувајќи нè повеќе со роботот Гундам со тркала отколку со моторот, концептот BMW S1000RR Phantom од Мехмет Дорук Едрем е сцена што навистина остава силен впечаток
Се разбира, засега тоа е само рендер, но тој многу брзо може да ги освои градските улици. Заканувачката креација на славниот дизајнер го користи супермоторот BMW S1000RR како основа, сериозно спуштајќи ги рачките и додавајќи маска што не потсетува на мачка подготвена да скокне.
Седиштето на овој концепт се чини дека е како од некој футурустичи филм. Фантомот дефинитивно се чини дека е направен за праволиниско возење со молскавична брзина. Во прашање е мотор кој дефинитивно може да биде дел од универзумот на некои футуристички филмски или видео игри, дизајнирани за протагонист кој сака да ризикува.