Откриена е и последната тајна на „Пентагонските документи“, што ја стресе Америка од корен

Конечно се објавени најновите тајни поврзани со 7.000 страници на тајни владини документи, кои објаснуваат како американската администрација ја турка војната во Виетнам, цело време сомневајќи се дека оваа воена акција нема да биде успешна.

Извештајот наречен „Пентагон документи“ беше објавен во 1971 година во „Њујорк тајмс“, поради што администрацијата на тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, презеде правни чекори. Сепак, начинот на кој новинарот на Тајмс, Нил Шихан ги поседува овие документи, отсекогаш бил мистерија, пишува Гардијан.

Пред нецел месец, една година по смртта на Шихан, конечно беше откриено. Во интервју снимено во 2015 година, кое Шихан бараше да не се објавува за време на неговиот живот, тој зборуваше четири часа за тоа како го убедувал Даниел Елсберк, поранешен аналитичар во безбедносниот сектор, да му дозволи да чита (но не и да копира) документи што Елсберг нелегално ги копирал додека работел за Ранд Корпорејшн, невладина организација која се занимава со истражување и анализа на вооружените сили на Соединетите држави.

Шихан всушност тајно ги земал документите од неговиот стан во Масачусетс, каде што ги скрил Елсберг, а потоа ги копирал. Тој ги скрил дупликатите во шкафче на автобуска постојка.

„Морав да го сторам тоа што го направив“, рече Шихен во интервју за „Њујорк Тајмс“, додавајќи дека Елсберг се плаши да дозволи објавување на документите, плашејќи се за неговата безбедност.

- Бев многу вознемирен кога Елсберг ми рече дека можам да читам документи, да бележам, но да не ги копирам. Тој не сфати дека веќе имам проценето дека не треба да ги оставам тие трудови во неговите раце. Тие беа премногу важни и премногу опасни.

„Копирај ги“, му рече неговата сопруга Сузан Шихан, новинарка од Њујоркер. Додека Елсберг беше на пат, им го остави клучот од станот, а парот започна да ги копира документите. Тие проверуваа хотели под различни имиња, правеа копии и ги криеја на автобуската постојка и аеродромот Логан во Бостон.

Пред да бидат објавени документите, тој отишол кај Елсберг и го замолил да ги предаде документите.

- Можеби беше лицемерно од моја страна, но сакав да го предупредам на некој начин.

Сепак, Елсберг остана запрепастен по објавата, и наскоро беше откриен како извор. Двајцата подоцна се сретнаа, а Елсберг му рече на Шихан дека неговото „лицемерие е огромно“.

Администрацијата на Никсон се обиде да запре понатамошно објавување на оваа сторија, сфаќајќи колку е важна.

- Една јасна работа излезе од оваа глупост ... Не можете да верувате во вашата влада. Не можете да верувате во она што го велат тие. Не можете да се потпрете на нивната пресуда. И имплицитната непогрешливост на претседателот, која постоеше во Америка, е многу потресена од ова - изјави за Никсон шефот на администрацијата на Белата куќа, ХР Халдеман.

Администрацијата на Никсон ја загуби судската битка за спречување на слободата на говорот на новинарите. Никсон, сепак, ја продолжи својата кампања против Елсберг. Белата куќа спроведе своја истрага, што на крајот доведе до скандалот Вотергејт и импичмент на Никсон.

(Телеграф.рс)