ОТКРИЕНА ГОЛЕМАТА ТАЈНА- Еве што Вилијам и рече на Кејт пред Хари и Меган: Ситуацијата беше толку напната што беше непријатно да се гледа!
Сигурно ќе ја паметите средбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со принцот Хари и Меган Маркл на прославата на Денот на Комонвелтот во март годинава во опатија на Вестминстер. Ситуацијата беше напната, брачните парови не кажаа ниту еден збор, а тие скоро и да не се погледнаа. Единственото нешто што е забележано е дека војводата од Кембриџ и шепоти нешто на својата сопруга, а сега знаеме што и рече.
Средбата во опатијата Вестминстер во Лондон се случи откако Меган Маркл и принцот Хари објавија дека ги напуштаат службените должности. Се очекуваше одредена непријатност меѓу нив и Кејт и Вилијам, но студенилото од важната церемонија ги шокираше дури и најголемите поборници за лоши односи меѓу браќата и нивните жени.
Анализиран е секој детал од настанот, а читателот од усните успеа да го дешифрира она што Вилијам и го шепна на Кејт: „Чудно е целата оваа работа околу ракувањето. По ова, ќе мора да ставиме еден куп гел на рацете“, пишува „Сан“.
Вилајм и Кејт не се ни ракуваа со Хари и Меган.
Средбата се случи во моментот кога беше објавено за коронавирусот и карантинот, како и построги превентивни мерки. Исто така, инфекцијата сè уште не влијаела на кралскиот протокол. „Сан“ ја опишува оваа реченица на Вилијам како чудна.
И реченицата е објавена во книгата „Битка на браќата“ напишана од биографот на кралското семејство, Роберт Лејси, кој исто така откри дека редоследот на седење на церемонијата, според кој Меган и Хари биле јасно одделени од постарите членови на семејството.
Иако се насмеаа на церемонијата, Меган и Хари беа многу лути и вознемирени поради тоа. Вилијам беше тој што се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека тој и неговата сопруга ќе влезат во опатијата по кралицата.