Откриени нови детали за страшната тортура на Бритни Спирс: Не ѝ дадоа да ја извади спиралата
Фото насловна: Profimedia
Сега се појавија доказите за едно од нејзините тврдења!
- Беше заканувачко и страшно. Отидов на турнеја од страв - рече поп принцезата Бритни спирс која во своето обраќање пред судот, изјави многу шокантни работи за тоа како изгледа нејзиниот живот под старателство.
Пејачката Бритни Спирс, која од 2008 година немаправо да управува со своите пари или да донесува одлуки за што било во нејзиниот живот, вклучително и лекување, завчера конечно зборуваше отворено пред судот во Лос Анџелес за тоа како нејзиниот татко Џејми Спирс и „тим за старателство“ „ го контролира секој аспект од нејзиниот живот. Дала шокантни детали, како на пример дека сака да се омажи и да има уште едно дете, но нејзините старатели не и дозволуваат да оди на лекар и да ја извади спиралата, дека и бил даден лек што ја зашеметува до тој степен што таа не може да зборува, дека таа не може да ги користи своите пари и многу, многу повеќе.
Dear @britneyspears ….I feel like we owe you an apology. We bought into the whole hype of BRITNEY the performer, without much consideration for how Britney Jean Spears, the person, was coping through each day. Looking back now, I remember you saying this in front of me… pic.twitter.com/I80ODPKPvq
— Zachary Gordon (@ZacharyGordon95) June 22, 2021
Бритни исто така истакна дека во 2018 година била принудена да замине на турнеја, иако не сакала.
Еден од обожавателите на пејачката сподели на Твитер видео направено во Атлантик Сити, за време на споменатата турнеја, што покажува дека Спирс, според сите проценки, морала да настапи во лошо здравје.
- Тука е многу, многу топло. Мислам дека ќе паднам, болна сум. Јас всушност сум со треска, имам температура од 39 степени - вели пејачката на снимката.