,

Откриено што се наоѓа во амајлијата на Кристијано Роналдо која ја носи на секој натпревар

фото: TWITTER/SCREENSHOT/@GLORIAFOOTBALL

Португалецот од редовите на Манчестер Јунајтед има ритуал кој мора да го изврши пред да излезе на теренот.

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. Неговото враќање ги воодушеви навивачите, но оттогаш работите не се одвиваа онака како што тој и клубот планираа.

„Црвените ѓаволи“ се во резултатска криза, мака мачат на сите фронтови. Поради тоа беше сменет Оле Гунар Солскјер, иако доаѓањето на Ралф Рангник не го потресе тимот на вистински начин. Додека ја чекаа „експлозијата“ на Португалецот, камерите го фатија како го изведува својот ритуал. 

Имено, пред да влезе на теренот, Кристијано ги постави своите костобрани, а пред да ги намести ги бакна шест пати. Снимателите не го пропуштија тоа, а набрзо беше откриено дека ова не е првпат да го прави тоа.

За него овие костобрани се како амајлија и на нив е слика од неговото семејство, девојката Џорџина и децата. Станува збор за ритуал кој често го изведува пред излегување на терен.

Така беше и во вторникот вечерта, бидејќи Роналдо од клупата го започна натпреварот против Барнли. Тој во игра влезе во 68. минута наместо Единсон Кавани, но тоа не му помогна многу на тимот. Натпреварот заврши нерешено (1:1). Погба им донесе предност на гостите во 18. минута, а Родригез израмни во 47. минута.

Манчестер во последниот период ги очекува натпреварите со Саутемптон, Брајтон и Лидс во Премиер лигата, а потоа следува првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

извор:mondo