Откриваме: Колку чини најскапиот парфем на светот?
После креирањето на ултра луксузната „Billionaire Vodka“, дизајнерот Леон Верезе повторно е во центарот на нашето внимание, поради својата најнова понуда..
Задоволувајќи ги
познаниците на луксузот, овој дизајнер сега го претстави најновиот уникатен
парфем за сите господа за кои цената не претставува никаков проблем. Наречен „Billionaire
Fragrance for Men”, овој парфем претставува егзотична варијанта на уметност при
креирањето на парфем, а воедно е и најскапиот парфем на целиот свет.
Со цена од неверојатно 2.25 милиони долари, парфемот доаѓа во форма од 1,5 литри. И додека тој содржи неколку познати ноти, производниот процес кој се крие позади него ја оправдува неговата висока цена. Додека се филтрира, парфемот поминува низ дијамнти кои се вредни неколку милиони долари. Парфемот е спакуван во елегантно шише, кое е декорирано со 1.000 светкави дијамнати.
За тие кои мислат дека литар ипол од парфемот е премногу, можат да се одлучат за регуларната верзија од овој парфем. Малку поефтината опција доаѓа во форма од 100 мл парфем, во шишенце кое е декорирано со дрвена етикета која е потопена во парфемот.
Со секое купување на овој парфем, купувачот добива и ексклузивна ВИП картичка која му овозможува да контактира директно со славниот дизајнер, доколку сака да порача уште од неговот ремек дело во иднина.