„Отсечените“- Принцот Хари и Меган Маркл му слават роденден на синот: Без кралска помпа, сосема нормално како обични смртници
„Отсечените„ како што ги нарекуваат Хари и Меган поради тоа што се одделија од Кралското семејство се чини дека водат нормален живот далек од кралскиот двор. Сами го одгледуваат синот Арчи кој денес слави роденден.
Кралицата Елизабета, принцот Чарлс, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон му го честитаа вториот роденден на Арчи, синот на Хари и Меган Маркл.
Слика од Хари и Меган со нивниот син од 2019 година беше објавена на официјалниот профил на кралското семејство на Инстаграм.
Според „Дејли меил“, ова нема да биде лесен ден за кралското семејство бидејќи тие не го виделе Арчи веќе 18 месеци!
Принцот Чарлс објави фотографија од крштевањето на неговиот внук на социјалните мрежи со порака „Среќен роденден на Арчи, кој денес полни две години“.
Детето, кое е седмо по ред за тронот, последен пат беше во Велика Британија есента 2019 година.
Хари и Меган, кои ја очекуваат својата ќерка на лето, најверојатно ќе го прослават роденденот на нивниот син приватно во Калифорнија.
Да потсетиме, Меган Маркл пишува книга за деца што може да се најде во книжарниците веќе следниот месец, поточно на 8 јуни.
Според АП, книгата „Клупа“ се базира на односот помеѓу нејзиниот сопруг принцот Хари и нивниот син Арчи.
Книгата е илустрирана од наградуваниот илустратор Кристијан Робинсон, а Меган исто така ќе позајми глас за аудио книга.
Според изјавата, книгата претставува збир од група татковци и синови и нивните заеднички моменти.
Книгата се базира на песна што Меган му ја посвети на Хари на Денот на таткото.
извор:novosti.rs