Ова е единствената земја на светот во која сите заразени се излечени од коронавирусот
Додека големите и богати земји се борат со коронавирусот, во оваа земја, сите заразени луѓе се излечија.
Гренланд е првата и единствена земја во светот што ги излекува сите заразени 11 случаи заразени со кронавируси веќе нема активни случаи на вирус во таа земја.
Имено, во Гренланд со нешто помалку од 57.000 жители беа спроведени 1.101 тестови, а 11 беа позитивни. Инаку, сите заразени биле од главниот град Нука, каде живеат повеќето луѓе - околу 18.000.
Во моментот кога овие случаи беа активни, градските граници беа затворени и оние што сакаа да излезат од нив мораа да побараат специјална дозвола. Исто така, државните граници беа затворени.
Гренланд беше сериозно погоден од епидемии во 18 и 19 век, па сега се преземени драстични мерки за да се спречи историјата да не се повтори, свесени дека малите болници нема да можат да сместат многу пациенти.
Пензионираниот лекар и поранешен министер за здравство на Гренланд, д-р Ове Росинг Олсен, порача дека овие строги мерки може да останат во сила во текот на целата година затоа што земјата нема ресурси за борба против големиот број на заразени.
„Нашата стратегија, како и во другите земји, не е да го преоптоваруваме здравствениот систем. Разликата е во тоа што имаме повеќе опции да ја изолираме земјата“, рече д-р Герт Малвад, кој работи во болницата „Кралицата Ингрид“, најголемата во Гренланд.