Ова е најдоброто интервју што до сега е направено: Опра за гостувањето на Меган и Хари
Во најавата за нејзиното интервју со кралскиот пар, што беше емитувано за време на паузата за вести во неделата на Си-Би-Ес, водителката Опра Винфри и се обраќа на бремената Меган Маркл, која го гали нејзиниот труднички стомак.
„Дали молчевте или ве замолкнаа?“, Ja прашува Винфри Меган, додавајќи дека само сака на сите да им стави до знаење дека нема тема што е забранета.
Во објавата Меган не одговара на прашањата на Опра, и во еден момент и се обраќа со реченицата: „Ми звучи скоро неподносливо како да сте достигнале пресвртница“.
Тогаш на дамите им се придружи принцот Хари, кој на моменти длабоко дишеше и ја држеше за рака сопругата, открива најавата за интервјуто, што потсетува на драматичен трејлер.
„Она што најмногу ме загрижи беше повторувањето на историјата“, вели принцот Хари, кој често зборуваше за скршеното срце по смртта на неговата мајка.
Говорејќи за принцезата Дајана, која ја прекина тишината во 1995 година и зборуваше во интервју за Мартин Башир за односот помеѓу принцот Чарлс и Камила Паркер, Хари вели дека тој сè уште е очаен поради нејзината смрт.
„Навистина сум среќен што седам тука со тебе со мојата сопруга, затоа што не можам ни да замислам како мама поминуваше само низ ова, пред толку многу години“, вели Хари и додаде дека ова беше многу важно и за нив, тешко, но барем тие се имаа едни со други.
Двочасовно ексклузивно интервју, во кое парот разговара со славната водителка за нивната одлука да го напуштат кралското семејство и да се преселат во Калифорнија со нивниот син Арчи, ќе се емитува во целост во недела на 7 март.
Договорот со Опра Винфри за интервју ја охрабри кралицата Елизабета и Бакингемската палата да го лишат одметнатиот кралски пар од сите кралски покровителства, а нивниот одговор на кралицата дека „услугата е универзална“ ги разбесни принцот Вилијам и другите членови на дворот кои беа шокирани од такво непочитување на кралицата.
Опра го нарече интервјуто со кралската двојка „најдобро што некогаш го направила“, открила пријателот на водителката Гејл Кинг.
И додека многумина со нетрпение чекаат да слушнат сè што Меган и Хари имаа да кажат, други наведуваат дека станува збор за чисто фалсификување, измама на жртвите и привлекување на медиумското внимание на најнизок можен начин - осврнувајќи се на страдањата на покојната принцеза Дајана.