Ова е најмладата жена во историјата која е осудена на смртна казна и тоа поради ова мрачно злосторство
Криста Гејл Пајк, која во моментот на изрекување на пресудата имала само 20 години, стана најмладата личност на американската листа на осудени на смрт.
Ако погубувањето биде спроведено како што е планирано следната година, таа ќе стане првата жена погубена во државата Тенеси откако се води официјална евиденција – повеќе од еден век.
Врховниот суд на Тенеси одреди датум за извршување на смртната казна – 30 септември 2026 година. Управникот на затворот „Ривербенд Максимум Секјурити Институт“ во Нешвил, каде Пајк е затворена од 1996 година, мора до август 2026 да ја извести за методот на погубување.
Иако смртоносната инјекција е стандардна постапка, затворениците кои го извршиле злосторството пред 1999 година можат да изберат електрична столица – метод што сè уште е дозволен со закон.
Пајк (49) е осудена за убиство на Колин Слемер во 1995 година. Обете посетувале програма за млади со проблематично однесување во Ноксвил. Пајк, љубоморна дека Колин сака да ѝ го одземе момчето, ја намамила во шума заедно со својот дечко Тадарил Шип и пријателката Шадола Питерсон. Мачењето траело речиси еден час – а според судските документи, Пајк ѝ врежала пентаграм на градите.
По злосторството, Шип бил осуден на доживотен затвор, Питерсон добила условна казна, а Пајк – смртна пресуда. Речиси три децении таа е единствената жена на смртното одделение во Тенеси.
Според Центарот за информации за смртната казна, во САД денес 48 жени ја чекаат смртната казна, а повеќето од нив биле жртви на насилство пред да бидат осудени. Тенеси, пак, не погубил жена уште од 1820 година.