ОВА НЕМА КРАЈ: Коронавирусот тврдат дека се пренесува и преку клима уред

Во написот кој ќе биде објавен во Emerging Infectious Diseasesод страна на Американската федерална здравствени агенција„Центар за контрола и превенција на болести“, се вели дека коронавирусот во еден кинески ресторан се раширил од едн до девет лица благодарение на системот за климатизација- пренесува Дејли Меил.

Но, никој од другите 81 посетители на ресторанот не е заразен со коронавирус.

Овој напис анализирал инцидент што се случил во ресторан во кинескиот град Гуангжу во јануари, во кој дошло семејство од Вухан.

Научниците велат дека еден член од семејството бил заразен, но немал никакви симптоми, и дека по нешто помалку од две недели, девет лица од тој ресторан заболелеод „Ковид-19“. Меѓу нив, биле членовите на семејството од Вухан и две други групи што седеле на столовите од масите покрај нив.

Столовите и масите на кои седеле заразените биле еден метар оддалеченост од масата каде седело семејството од Вухан, а научниците додаваат дека ресторанот нема прозорци.

Во написот се вели дека заразата во ресторанот веројатно се проширила со капки.

Но, бидејќи капките произведени од  дишењето, зборувањето, кивањето и кашлањето во воздухот остануваат многу кратко и минуваат релативно кратко растојание, научниците заклучија дека системот за климатизација го ширел вирусот во ресторанот.

„За да се спречи ширење на вирусот во рестораните, препорачуваме да се зајакнат системите за следење на температурата, да се зголеми растојанието помеѓу масите и да се подобри вентилацијата“, се наведува во статијата.

Овој напис доаѓа во време кога нема консензус за тоа кога рестораните и кафулињата би можеле повторно да се отворат.

Професорот за инфективни болести при Универзитетскиот клинички центар „Вандербилт“ Вилијам Шафнер рече дека истражувањето може да послужи како поглед на потенцијалната иднина на угостителите.

„Ние повторно ќе се отвориме. Но, ова треба да се направи постепено во фази. Една од тие фази вклучува ограничено работење на рестораните и нивно полнење до половина капацитет“, рече Шафнер.