ОВА СЕ ЛУЃЕТО ОДГОВОРНИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА, КОМИСИЈАТА ГИ ОБЕЛОДЕНИ ИМИЊАТА: Први на листата Венко Филипче и екс-директорот Нино Васев
Анетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија и радиотерапија по серија одржани седници денеска излезе со конкретни имиња.
-Заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдена кај следните владини и здравствени функционери:
-Д-р Венко Филипче, министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година
-Д-р Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година
-Г-н Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година
-Д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година
Целиот текст на ФАКТОР