Ова се најдобрите автомобили на годината

29 возила ќе се натпреваруваат за титулата ...

Неодамна беа објавени финалистите за најдобар автомобил за 2021 година. Овој пат 29 модели се натпреваруваат за титулата. Станува збор за нови модели, кои или сега се во продажба, или ќе бидат достапни на најмалку пет европски пазари до крајот на годината.

Што се однесува до кандидатите, тоа е прилично разновидна област, бидејќи има голем број главни модели, вклучувајќи ги Citroen C4, Dacia Sandero и Fiat 500. Кандидати се и Ford Explorer и Kuga, како и Honda E и Jazz.

Hyundai е во добра форма бидејќи i10, i20 и Tucson можат да станат автомобил на годината. Сепак, тие ќе мора да се борат со конкурентите како Купра Форментор, Киа Соренто, Мазда МХ-30, Пежо 2008, Сеат Леон и Шкода Октавија.

  „Скратениот список“ од седумте номинирани ќе биде објавен на 8 јануари, пред победникот да биде крунисан на 1 март.

Подолу можете да ја видите комплетната листа на номинирани возила: