Ова се сите начини на кои Меган и Хари ѝ оддадоа почит на принцезата Дијана

Се ближи денот кога принцезта Дијана требаше да наполни 60. години.
Во пресрет на нејзиниот роденден ѝ се оддава почит со различни настани кои се оддржуваат во нејзино име, но да се потсетиме на сите оние начини на свадбата на Хари и Меган со кои ѝ оддадоа почит.

Кралската репортерка Ребека Инглиш појасни дека празниот стол на венчавката на оваа двојка не бил наменет за принцезата Дијана. Наместо тоа, протоколот е седиштето пред кралицата секогаш да е празно.

Но, дури и со празното столче на страна, имаше многу почит за принцезата Дијана на свадбата, вклучувајќи го велот на Меган Маркл, букетот, цветните аранжмани, и читањето за текот на церемонијата  од Лејди Џејн Феловс, сестрата на Дијана.

Имено принцот Хари за свршеничкиот прстен на Меган земал два дијаманта од колекцијата на својата мајка, а прстенот сам го дизајнирал.

Белите рози во цветните аранжмани исто така беа во чест на мајката на Хари. Тој, наводно, го избрал букетот на Меган со омилените цветови на неговата мајка. Меган потсети на прерано починатата принцеза со нејзиниот превез, кој потсетуваше на оној од свадбата во 1981-вата со принцот Чарлс.

Сер Елтон Џон, долгогодишен пријател на Дијана, настапи на приемот за ручек

Меган со вториот аутфит носеше прстен од мајката на Хари, Лејди Ди.