Ова треба да се знае за вакцината Синовак!
Секоја вакцина е слична, но сепак различна...
Кинеската компанија Синовак објави дека дури и прелиминарните податоци покажуваат дека нејзината вакцина против коронавирус е безбедна за деца на возраст од три до 17 години. Тие исто така наведуваат дека ги доставиле податоците до кинеските регулатори на лекови.
Медицинскиот директор на Соновак, Генг Зенг рече дека клиничките испитувања во рана и средна фаза, во кои учествувале повеќе од 550 лица, покажале дека вакцината ќе предизвика имунолошки одговор.
Тој додаде дека двајца приматели на вакцината имале висока температура. Како што прецизираше, станува збор за едно дете од три години и едно од шест години. Другите испитаници имале лесни симптоми.
Што знаеме за оваа вакцина
Вакцината, наречена КоронаВак, произведена од компанијата Синовак, доби дозвола за итна употреба во Кина минатиот јули, што овозможи да се набави од здравствени работници и државни службеници. Кина на почетокот на февруари годинава издаде дозвола за поширока употреба на оваа вакцина и оттогаш може да ја добијат и лица кои не се изложени на висок ризик или членови на претходно утврдени приоритетни групи. Издадено е условно одобрение за вакцината, дозволувајќи нејзина општа употреба, а тоа условно одобрување значи дека вакцината сега може да се користи пошироко.
Ова е втора кинеска вакцина што доби одобрение, откако Пекинг ја одобри вакцината Синофарм во декември минатата година.
Двете вакцини се базираат на традиционална технологија за полесно транспортирање и складирање отколку кога станува збор за вакцината Пфајзер, за која се потребни многу ниски температури. Ова го прави многу посоодветен за земјите во развој кои не можат да обезбедат посебни услови за чување на вакцината Пфајзер, на пример, што мора да се чува на -70 степени.
Како и за сите други вакцини, за вакцината Синовак се потребни две дози дадени со разлика од околу две недели, а една од главните предности на вакцината Синовак е тоа што може да се чува на стандардна температура на ладилникот, помеѓу два и осум степени Целзиусови.
Изгледа дека не постои ризик од сериозни реакции со оваа вакцина, со тоа што податоците за нејзината ефикасност се менуваа неколку пати како одминуваше времето и како што истражувањата продолжуваа во Турција и Бразил.
Неодамна, клиничките испитувања во Турција утврдија дека вакцината на кинеската компанија „Синовак“ е ефикасна 83,5 проценти против ковид, што е поголем процент од оној утврден во клиничките испитувања во Бразил, каде што ефикасноста беше 50,38 проценти.
Вакцината КоронаВак во производството на Синовак е 100% ефикасна во спречување на хоспитализација, според податоците од третата фаза на престижниот универзитет Хахтепе во Анкара, објави агенцијата Анадолија, а пренесе Блумберг.
Турција прави тестови за вакцината од септември, а првичните резултати покажаа дека КоронаВак е ефикасен 91,25 проценти.
Најчестиот несакан ефект пријавен во првите фази од студијата беше болка на местото на инјектирање, додека само еден пациент имаше сериозна алергиска реакција, која се опорави по три дена и не се манифестираше во втората доза.
Извор: Нова.рс