„Оваа бактерија јаде месо, а потоа преминува на гениталиите“: Маж (44) починал поради неа, ова се симптомите

Симптоми на инфекцијата, за која самите експерти велат дека „се шири како шумски пожар“

44-годишен маж починал од инфекција предизвикана од бактерија која буквално „јаде“ месо. Овие патогени најпрво ги напаѓаат крвните садови предизвикувајќи тромбоза, која потоа го попречува протокот на крв во ткивата, фасцијата (мембраната што ги опкружува мускулите и мускулните групи) и мускулите, и на крајот го прекинува протокот на крв.

За каква инфекција се работи?

Бактеријата, наречена некротизирачки фасциитис, е ретка инфекција на кожата и ткивата и може брзо да убие човек доколку не се лекува на време, велат лекарите. Човекот од Калкута кој починал од оваа инфекција се здобил со повреда неколку дена претходно кога железна шипка му го пресекла долниот дел од колкот додека паѓал од воз. Бидејќи инфекцијата брзо се ширела, тој за една недела завршил во болница, пред лекарите кои практично си ја чешале главата од шокот што му се случува.

„Пациентот беше во тежок респираторен дистрес и во многу токсична состојба. Веднаш го примивме на одделот за хируршка интензивна нега, го ставивме на вентилација и без одлагање започнавме со лекување“, изјави професорот по хирургија д-р Химансу Рој.

По истрагата, лекарите откриле дека некротизирачкиот фасцитис предизвикал масивна инфекција која ги зафатила неговите долни екстремитети и пределот на гениталиите. Химансу рече дека додека стигнал кај специјалист, овие смртоносни бактерии веќе сериозно се рашириле кај пациентот, „непријателите“ влегле во меките ткива преку пукнатина на кожата.

Како се шири некротизирачкиот фасциитис?

Експертите од Центрите за контрола и превенција на болести забележуваат дека инфекцијата предизвикана од некротизирачки фасциитис ги напаѓа крвните садови, предизвикувајќи тромбоза, која потоа го блокира протокот на крв во ткивата, фасцијата и мускулите. Резултатот е дека снабдувањето со крв е целосно прекинато и мускулите умираат, буквално како нешто да ги изело. Точната дијагноза, навременото лекување со антибиотици и итна операција се клучни за запирање на оваа инфекција, пишува Mondo.

Лекарите исто така забележуваат дека некротизирачкиот фасциитис може да доведе до сепса, шок, откажување на органите, па дури и доживотни компликации од губење на екстремитетите или тешки лузни од хируршко отстранување на заразеното ткиво. Податоците на ЦДЦ покажуваат дека, и покрај третманот, околу еден од пет лица со оваа состојба умираат од инфекција. Експертите велат и дека бактериите најчесто влегуваат во телото преку „пукнатини“ на кожата, а еве кои се:

-исеченици и гребнатини;

-изгореници;

-каснувања од инсекти;

-убодни рани вклучувајќи ги и оние предизвикани од инјекции;

-хируршки рани.

Симптоми на инфекција

Симптомите на инфекцијата, за која самите експерти велат дека „се шири како шумски пожар“, вклучуваат:

-црвена, отечена површина на кожата која брзо се шири;

-силна болка;

-висока температура;

-чирови или плускавци;

-гној или истекување од заразената област;

-вртоглавица;

-замор и слабост;

-дијареа или гадење.

Како да се спречи развојот на инфекција?

Бидејќи не постојат вакцини за спречување на инфекции, вклучително и некротизирачки фасциитис, раните мора брзо да зараснат за да се спречи нивното развивање во опасни инфекции.