Здравје // Совети
Оваа растение е мелем за организмот: Зошто е добро да го конзумирате?
Цвеклото е лековита овошка која поттикнува размена на материи и ги подобрува функциите на црниот дроб. Поседува големи количини витамин Ц, каротин, витамини Б1 и Б2, како и минералите: натрум, калциум, калиум, фосфор, железо, сулфуф и јод.
Ако сте вегетаријанец, таа е идеална за вашата исхрана бидејќи содржи кобалт, кој учествува во создавање на витамини Б12, кои вегетаријанците не ги внесуваат во доволни количини.
Иако не е претерано богата со железо, често им се препорачува на анемични лица бидејќи ги штити црвените крвни зрнца и ја зголемува еластичноста на крвните садови , што влијае на подобро испумупување на крвта. Идеална е за регулирање на крвен притисок и го намалува холестеролот. Во случај да имате проблеми со камен во бубрези или страдате од остеопороза, немојте да претерувате со внесување на цвекло бидејќи го намалува впивањето на калциумот.Се прави лесно
Одличен рецепт за анемија
Изрендајте едно свежо цвекло со средна големина, морков и слатко јаболко. Во сето тоа додајте лажичка мед и сок од еден лимон. Добиената смеса изедете ја во текот на денот. Ова е идеална храна против слабокрвност.