Оваа убавица му „помогна“ на Пике да ја изневери Шакира: Сите ја обвинуваат за распадот на големата љубов, а таа објавува провокативни фотографии

Разделбата на дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике и пејачката Шакира со денови е главна тема на светските медиуми, особено на шпанските медиуми кои се обидуваат да допрат до пикантериите кои доведоа до разделба.

Тие двајца, додуша, никогаш не биле официјално во брак, но се во 12-годишна врска од која добија два сина.

Парот неодамна се обрати до јавноста со соопштение и побара приватност, што, сепак, не го добија. Така шпанските медиуми со денови пишуваат дека причина за разделбата била аферата која наводно ја имал Пике со 22-годишна водителка.

Изгледа дека во еден момент дури и ја нашле со оглед на тоа што пишуваат дека девојката го исклучила профилот на Инстаграм, а наведуваат дека е пријателка на девојката на соиграчот на Пике, Рики Пуиг.

View this post on Instagram

A post shared by GEMMA IGLESIAS (@iglesiasgemma13)


Наводно Гема Иглесијас била таа што го запознала Пике со пријателка со која работела во коктел бар во Барселона. Истовремено, на клупската веб-страница пишува дека тоа е „повеќе од коктел бар“ и дека е место каде се „поврзуваат“ елегантното и палавото.

Шпанската „Марца“ во текст напиша дека Шакира го пронашла Пике со друга жена во кревет и дека по разделбата ќе треба да се договорат за старателството над синовите и недвижниот имот што го купиле заедно, а неговата вкупна вредност е околу 15. милиони евра.


Фото: Инстаграм/Профимедиа