Автомобили // Автомобили
Овој автомобил вози сам, и воспоставува емотивна врска со возачот
Тојота пред три години го претстави својот концепт наречен LQ. А оваа година се очекува да започне производството. Се уште не е назначено кога поради пандемијата со коронавирус, но вреди да се потсетиме за каков автомобил станува збор.
Сите функции на овој модел се поставени во рацете на вештачката интелигенција која е во состојба автономно да управува со возилото. Тојота тврди дека системот за АИ наречен Јуи може да воспостави „емоционална врска“ со сопственикот. Ова наводно го олеснува процесот на систем на донесување на брзи одлуки. Воланот е инсталиран затоа што засега така налага законот, а AI може да се исклучи.