Овој вид на воздушни перничиња воопшто не ве штити, само го зголемува ризикот од повреди
Не треба да ја препуштите безбедноста на нив, туку внимателно да возите и редовно да го врзувате вашиот појас..
Воздушните
перничиња постојат за да ни го сочуваат животот во случај на несреќа, но по се
изгледа дека не се сите подеднакво безбедни.
Воздушните перничиња за колена имаат задача да ни ги заштитат колената, но можат и да ги контролираат движењата на долниот дел од телото за да ја намалат силата на градите и стомакот.
Меѓутоа, Институтот за осигурување и безбедност на пат тврди дека тие имаат скоро незначајно влијание на ризкот од повреди.
Но, тоа не е се, бидејќи веруваат дека во одредени ситуации тие можат и да го зголемат ризикот од повреди.
За да дознаеме повеќе, истражувачите ги набљудувале податоците од местата на несреќите, па измериле над 400 фронтални удари и го споредиле ризикот од повредите на автомобилот со и без овие воздушни перничиња.
Резултатите покажале дека тие имаат „многу мал ефект при спречувањето на повредите“ и дека во одредени ситуации можат го го зголемат ризикот за повреда на долниот дел од телото.
Производителите на автомобили ги инсталираат овие воздушни перничиња за полесно да ги поминат тестовите, користејќи неврзани кукли – за кои овие перничиња имаат смисла.