ПАНОРАМА ХОТЕЛ & СПА: Топ понуда, Early Booking за празничен викенд за опуштање на сите сетила

Она која се чувстувате изморено од секојдневните обврски, кога не можете да функционирате рационално и кога сте постојано под притисот... Познато звучи, но можности за нивно елиминирање има многу. А една од најубавите е секако на врвот- на магичното место во кое се испреплетува историјата, урбаното живеење и врвниот спокој, зачинет со аванура.

Потрагата по чист воздух, убава природа и активен одмор, многу домашни, но и странски туристи ги води во историско Крушево.

Иако во минатото Крушево било синоним за револуција и храброст, денес овој град е познат низ сите меридијани низ светот, како место кадешто може да се искусат голем број  адреналински спортови.

Крушево е градот каде многу често се собира елитата на светското параглајдерството.

И ако чуете дека тука тешко се наоѓа празен кревет за ноќевање, верувајте дека многупати тоа е и вистина.

Убавината и можностите кои ги нуди градот, се доволна причина и вие да го посетите.

Издигнат на врвот на Крушево, Панорама Хотел и Спа, во текот на целата година ги исполнува своите капацитети.

Но, освен комфорт и удобноста на собите и апартманите,  хотелот нуди и услуги кои овозможуваат целосна рехабилитација на умот и телото.

Како дел од хотелот е и спа центарот кои располага со внатрешен базен со  фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој овозможува постојан видик на небото.

Спа центарот е опремен со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна.

Но, доколку сте во потрага и по авантура, и сакате целосно да го промените своето секојдневие, во хотелот ќе ги добиете и информациите со кои ќе го зголемите степенот на адреналин. Во близина на хотелот се наоѓа и адреналинскиот парк кој со сигурност ќе внесе многу забава во вашиот престој.

За сето ова да биде уште попривлечно за Вас и вашето семејство,  во периодот кога сите бараат каде да се опуштат за празничните денови кои следуваат, Велигденските но и првомајските,  Панорама Хотел и Спа нудат единствена, промотивна понуда од 10% намалување на ноќевања во двокреветни соби, доколку резервирате за најмалку 3 дена.

Оваа промоција може да ја искористите за уплата до 31.03.2023.

Резервирајте навреме и поминете ги празниците во прегратките на Крушево и убавиот амбиент на Панорама Хотел и Спа.

За повеќе информации посетете ја страната на хотелот: https://panoramaspa.mk/mk/

ПР објава