Парфем прскајте само после туширање: Еве и зошто

Доколку сакате вашиот парфем да трае подолго и поинтензивно, тогаш испрскајте го откако ќе се истуширате ...

Парфемите се неизбежни денес и секој маж мора да има барем еден парфем што ќе му помогне да мириса предизвикувачки и да остави подобар впечаток каде и да се појави. Сепак, проблемот со парфемите е што нивниот мирис може значително да ослабне со тек на време по прскањето.

Ова е особено забележливо кај поевтини парфеми кои многу брзо го губат својот мирис по прскањето. Поскапите и поквалитетни парфеми траат подолго, но знаат и дека по неколку часа ослабуваат и се незабележливи. Затоа мажите се прашуваат како да „извадат“ долготраен мирис од нивните парфеми.

Првото нешто што треба да направите е да го испрскате парфемот на „топлите“ делови од телото, кои пулсираат, затоа што тие поттикнуваат ширење на парфемот, а тие места се на вратот, градите и зглобовите. Сепак, сигурни сме дека веќе го правите тоа, и дека вашиот парфем е сè уште краткотраен.

Што е поентата?

Одговорот лежи во туширањето, истражувањата покажаа дека парфемите траат и имаат поинтензивен мирис и до 30% повеќе ако ги нанесете на кожата веднаш по туширањето. Тоа е затоа што порите на вашата кожа се чистат после туширање и овозможуваат парфемот да остане во нив подолго, но и да се загрее подобро, така што мириса подобро, подолго и посилно.

Значи, ако сакате вашиот парфем да трае цел ден, тогаш нанесете го на себе веднаш штом ќе излезете од туш и ќе забележите голема разлика.