Само да ги има повеќе, тоа е најбитно
Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „denarius“ што означува сребрена монета која ја користеле во Римското царство и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. На 4 септември 1996. во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 година.