Паричникот што никогаш не останува дома

Има три работи што речиси секој човек денес ги носи со себе – мобилниот телефон, паричникот и стресот. Добрата вест е што барем една од нив може да остане дома - паричникот. А, уште подобро е што на тој начин ќе го елиминираш и стресот од тоа да го немаш паричникот кога најмногу ти треба.
Ама мобилниот телефон сигурно го имаш затоа што по некоја статистика дури 50 пати дневно проверуваш дали е до тебе. Со твојот iPhone сега доаѓа и Apple Pay, а со Apple Pay и картичките од Комерцијална банка стресот поврзан со твојот паричник ти е апсолутно непотребен.
Мобилниот телефон вообичаено се грижи за твојот календар, здравје, комуникација и забава, па логично е да се погрижи и за безбедноста на твоите лични финансии. мБанка. Може да додадеш неограничен број картички, а потоа да бираш со која ќе плаќаш.
Со Apple Pay, Комерцијална банка ти ги овозможува најиновативните решенија таму каде што ти се најпотребни – во твојата рутина. Додавањето на твоите картички во Apple Wallet е еден мал, паметен чекор кон повеќе слобода и помалку грижи.
ПР објава