Партнерот нема ни да знае: Само еден знак открива дека жената навистина доживеала оргазам, се останато се приказни


Жените при водењето љубов прибегнуваат кон глумење оргазам од различни причини, но многумина ќе се согласат дека оваа глупост никому не му носи ништо добро, а мажите го сфаќаат тоа како најголем пораз

Партнерот нема ни да знае дека не се „задоволила“ партнерката, а оној кој глуми оргазам ги намалува шансите следниот пат да го доживее со истиот партнер.

Околу 30 проценти од жените немаат проблем со редовно доживување на кулминација, а останатите 70 проценти го доживуваат многу поретко – приближно секој петти секс, со фактот дека има дури 15 проценти од жените кои откриваат дека никогаш не доживеале сексуална кулминација или ја доживеале само еднаш или двапати во животот.

Сепак, студиите покажуваат дека над 90 отсто од жените во одреден момент глумеле оргазам, обично за да не го повредат партнерот.

Ова не звучи толку необично ако се спомене фактот дека околу 20 отсто од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не и угодат.

Само еден знак портврдува дали таа доживеала оргазам кога мускулите се грчат – најчесто вагинални, што предизвикува чувство дека жената е доживува оргазам. Може да се појават и грчеви во нозете.

При зголемен интензитет на стимулација каде здивот и станува пократок, а воздишките погласни, откако ќе ја достигне вистинската кулминација, таа ќе паузира, бидејќи ќе и требаат најмалку неколку секунди да се „закрепне“. Голем број жени по оргазам ќе го зацрвенат делот од градите над градите, каде што кожата е тенка, а сето тоа поради напливот на хормони.

Од друга страна, дури и да глуми оргазам, тоа не мора да значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените најголемата активност во центрите за задоволство на мозокот е за време на сексот, односно „на пат до оргазам“, додека непосредно пред кулминацијата активноста нагло опаѓа.

Од друга страна кај мажите е обратно, активноста во тие делови е најголема при самата ејакулација.



Фото:freepik